Дома Фудбал Гвардиола за херојот од Суперкупот: Мислам дека сака да го напушти Сити

Гвардиола за херојот од Суперкупот: Мислам дека сака да го напушти Сити

Мaнчестер Сити ја победи Севиља на пенали и го освои Суперкупот на УЕФА.

Редовните 90 минути завршија 1:1. Севиља поведе, но крилниот напаѓач Кол Палмер израмни со одличен удар со глава.

Младиот офанзивец одигра добар натпревар, а Пеп Гвардиола изненади со изјавата дека може да го напушти клубот.

“Не знам што ќе се случи со него. Мислам дека сака да го напушти клубот. Сега навистина не знам што ќе се случи. Мислам дека нема да оди на позајмица.

Или ќе остане или ќе биде продаден. Не му беше лесно да игра денес како млад играч. Играше одлично против врвни одбранбени играчи“.

Палмер (21) е заедно со Фил Фоден еден од исклучителните таленти на англискиот фудбал.

Сезонава настапи на три натпревари и постигна два гола. Тој постигна гол и против Арсенал во Комјунити Шилд, во кој Сити загуби на пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат фудбалер го открива најголемото зло во Реал Мадрид

Шпанскиот фудбалер Пабло Мафео е познат по постојаните конфликти со ѕвездата на Реал, Вини…