Аталанта според многумина го игра најубавиот фудбал во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Екипата од Бергамо гази се пред себе, а победата против Сампдорија беше (2:0) беше деветта во низа за овој клуб. Следен предизвик за тимот на Гасперини ќе биде Јувентус и во случај на победа тие ќе дојдат на шест бода од првата позиција.
Гасперини сепак тврди дека не размислуваат за Скудетото.
„Не смееме да дозволиме мислата за Скудето да ни влезе во глава. Јувентус и понатаму е во супер позиција и покрај поразот од Милан веќе докажаа дека во Италија немаат конкуренција. Мораме да се предизвикаме самите себе и да се обидеме да освоиме што е можно повеќе бодови, а на крајот ќе видиме како ќе завршиме“, изјави Гасперини.