Фудбалерите на Арсенал синоќа го победија Нотингем Форест со 2:1 на гостински терен во 22. коло од англиската Премиер лига, а натпреварот на Сити Граунд го одбележа неверојатниот гол на Габриел Хесус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Топџиите успеаја да дојдат до важните три бода кои ги одржуваат во игра за титулата.
Моментот кој го одбележа овој натпревар се случи во 65. минута кога Арсенал поведе, а во центарот на вниманието беше Габриел Хесус.
Бразилецот ја прими топката од Зинченко и се најде во шеснаесетникот на домашната екипа, но беше во „мртов агол“ и никој од стадионот не помислуваше дека топката на крајот ќе заврши во мрежата на Нотингем Форест.
Сепак, напаѓачот на Арсенал успеа да постигне гол за Арсенал од речиси невозможна позиција, а никому не му е јасно каде Габриел Хесус успеа да ја протне оваа топка.
Голот можете да го погледнете ТУКА