Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ: Посебно не сум задоволен од македонските играчи

Вујовиќ: Посебно не сум задоволен од македонските играчи

Веселин Вујовиќ имаше лошо деби по враќањето во Вардар бидејќи црвено-црните беа поразени од Еурофарм Пелистер со убедливи 31:22 во Суперкупот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По натпреварот Вујовиќ не ги криеше критиките за ракометарите, а посебно потенцираше дека не е задоволен од македонските ракометари.

„Немам забелешки за победата на Еурофарм Пелистер. Некои играчи се далеку од енергијата која им е потребна во Вардар. Можеби е добро што се случува сега за предупредување, но јасно е дека некои ракометари мораат да се замислат дали во иднина можат да го носат дресот на Вардар. Реално, задоволен сум само од загревањето, со што друго би можел во пораз од девет разлика. Посебно сум незадоволен од македонските играчи, на кои посветувам време и вложувам и на нив сметам, но покаќаа дека се далеку од квалитетот. Ќе имаме проблеми ако продолжат вака“, изјави Вујовиќ.

Пред почетокот на сезоната Вардар го очекува и настапот на Струшкиот турнир.

Фото: РК Вардар1961/ Денис Дуковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…