Дома Фудбал Останато Во ПСЖ никој не го сака Нејмар, еве и зошто!

Во ПСЖ никој не го сака Нејмар, еве и зошто!

Нејмар не е омилена личност помеѓу фудбалерите на ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите во Париз пишуваат за проблемите во овој тим иако барем на теренот тие до овој момент не се гледаат.

Во центарот на тие проблеми е Нејмар, се сеќаваме на конфликтот со Кавани, но тоа не е единствената причина.

Сега се работи за дека неколку фудбалери на ПСЖ истакнале незадоволство поради привилегиите кои ги има Бразилецот во однос на нив.

„Нема дефанзивни задачи во текот на натпревари, има два физиотерапевти само за себе, а на тренинзите не е дозволено со него да се влегува во со полна сила“, открива „Марка“.

Покрај тоа, Нејмар е единствениот фудбалер кој носи торбица со своето име, додека сите останати носат со грбот на ПСЖ.

Иначе, Бразилецот  денес е во центарот на вниманието и утрово се споменуваше дека ПСЖ е само негова „станица“, како и дека неговиот татко веќе преговарал со идниот клуб на Бразилецот. За ова повеќе можете да прочитате ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дешан итно го напушта Светското првенство – позната е причината!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидије Дешан, го напушти кампот на с…