Дома Трансфер зона „Во Милан доаѓа напаѓач кој ќе го запали Сан Сиро“

„Во Милан доаѓа напаѓач кој ќе го запали Сан Сиро“

Спортскиот директор на Милан, Масимилиано Мирабели во неформален разговор откри дека ова лето ќе го засили нападот на „росонерите“ со едно големо име, откриваат италијанските медиуми.

Милан минатото лето вложи 230 милиони евра на засилувања, но оваа сезона повторно остана без зацртаната главна цел – пласман во Лигата на шампионите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Веќе е јасно дека главна трансфер цел на „росонерите“ ова лето ќе биде врвен напаѓач, а медиумите лецитираат со неколку имиња како Белоти, Џеко, Мората…

„Премиум Спорт“ открива дека Мирабели на своите пријатели им открил дека планира да донесе напаѓач чие име „ќе го запали Сан Сиро“.

Иако се уште не се знае точно на кого мислел спортскиот директор на Милан, медумите наѓагаат дека најверојатно станува збор за Карим Бензема.

Мирабели во живо го гледаше натпреварот во Мадрид помеѓу Реап и Баерн, а шпанските медиуми открија дека на радарот на „росонерите“ е токму Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познато првото летно засилување за Јувентус

Лазар Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, а сега во трката за неговиот п…