Дома Фудбал Во Индија се протестира поради статуата на Роналдо

Во Индија се протестира поради статуата на Роналдо

Статуата на Кристијано Роналдо предизвика бунт во индиската сојузна држава Гоа, каде што локалното население се буни затоа што португалски фудбалер доби статуа наместо некој индиски играч.

Мајкл Лобо, министерот на владата, на Твитер објави дека намерата била да се промовира фудбалот и да се мотивираат младите фудбалери да играат фудбал.

Наместо тоа, ден по откривањето на статуата, околу неа се собраа луѓе кои протестираа со црни знамиња.

Не беа лути само поради одлуката да се оддаде чест кон странски фудбалер, туку и поради фактот дека тој е од Португалија, што е разбрано како навреда зашто Португалија во минатото владеела со Гоа, која била нивна колонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн пред нов договор со Баерн: Остануваат само правните детали

Баерн и Хари Кејн ги усогласиле клучните точки за продолжување на соработката. Дресен очек…