Дома Фудбал Англија Во Англија доделен црвен картон во облик на круг, знаете ли што значи?

Во Англија доделен црвен картон во облик на круг, знаете ли што значи?

Натпреварот од ФА Купот помеѓу Врехам и Шефилд викендов се најде во центарот на вниманието поради еден интересен и необичен момент.

Главниот судија на натпреварот Вајтсоун во 71. минута на фудбалерот Даниел Џејбисон му покажа црвен картон но во форма на круг. По натпреварот тој објасни зошто не му покажал црвен картон на каков што сме навикнати.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првотимецот на Шефилд бил изненаден, а исто така и гледачите на трибините и пред малите екрани не знаеа што се случува.

Сепак, треба да се знае дека ваквите картони во Англија се воведоа уште во 1997 година, но не се користеа, па сите ги заборавија. Причината поради која се воведени е поради играчите кои не можеле да ги разликуваат боите, па по обликот сфаќале дали се работи за жолт или црвен картон. Црвениот во таква ситуација е во круг, а жолтиот во облик на коцка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго…