Дома Топ вести ВМФЛ: Убедлива победа на Гостивар за лидерска позиција во есенскиот дел од сезоната

ВМФЛ: Убедлива победа на Гостивар за лидерска позиција во есенскиот дел од сезоната

Екипата на Гостивар со 5:1 го совлада Караорман во денешните натпревари од Втората лига и се врати на врвот каде што беше Вардар со вчерашниот триумф против Кожув (2:0).

Двоен стрелец за Гостиварци беше Филип Петковски, а погодуваа уште Ѓорѓи Танушев од пенал, Стојанчо Велинов и Муарем Муарем.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Единствениот гол за Караорман го постигна Алтин Лога со удар од белата точка кога израмни на 1:1. Сепак до крајот доминираа домаќините и дојдоа до важните бодови. На второлигашката табела Гостивар сега има бод повеќе од Вардар.

ВМФЛ РЕЗУЛАТИ:

ГОСТИВАР – КАРАОРМАН 5-1

ВОСКА – БОРЕЦ 6-0

КАМЕНИЦА САСА – ПЕЛИСТЕР 1-2

БЕЛАСИЦА – ОХРИД 1-1

БЕСА – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА)  2-0

СЛОГА ВИНИЦА – ДЕТОНИТ ЈУНИОР 1-2

ТЕТЕКС – АРЕСИМИ 0-2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белингам ги избра најдобрите двајца фудбалери со кои играл

Реал Мадрид пред почетокот на сезоната во рекорден трансфер од 103 милиони евра во своите …