Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ откако јавно потврди дека нема да го продолжи договорот со „виолетовите“ е на удар на навивачите.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година, но откако одби да стане најплатен фудбалер во историјата на клубот, јасно е дека ќе биде продаден.




Поради лошиот однос со навивачите на Фиорентина, Влаховиќ може да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, а два клуба ќе ја водат главната битка за неговиот потпис.




„Газета дело Спорт“ пренесува дека Манчестер Сити и Јувентус веќе започнале преговори со Фиорентина за трансфер на Влаховиќ, а трансферот треба да изнесува помеѓу 60 и 70 милиони евра.