Душан Влаховиќ минатото лето беше мета на многу европски гиганти, но одличи да остане верен на „старата дама“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Актуелниот договор на фудбалерот со гигантот од Торино истекува во јуни 2026 година, а неговата плата наскоро ќе порасне на 12 милиони евра по сезона, вклучувајќи ги и бонусите.
Јувентус му нуди нов договор, но преговорите одат тешко, а Влаховиќ на лето ќе влезе во последната година од договорот.
Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал, кој е во потрага по напаѓач, а најголема желба на Артета е токму Влаховиќ.
„Топџиите“ се спремни да понудат 70 милиони евра за неговиот потпис, сума која Јувентус ја бара за слободата на Србинот.