Бугарскиот портал „Спортал.бг“ пишува дека македонскиот фудбалер Влатко Дробаров би можел да игра за бугарската репрезентација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Добаров настапува за тимот на Черно Море и и би можел да биде ново име кај селекторот Јасен Петров. Како што е објавено Дробаров поседувал бугарски пасош и би можел да игра за репрезентацијата.
Инаку, тој има 28 години и за Черно Море игра од 2020.
Во својата кариера играше во македонското првенство за тимовите на Скопје, Тетекс, Напредок и Беласица, а има авантури во Мексико, Саудиска Арабија, Индија, Ерменија и Кипар.
Дали Дробаров навистина добил повик сигурно ќе се знае за две недели кога селекторот на Бугарија ќе го објави списокот за мундијалските квалификации во септември.
