Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Шоуто започна, Леброн дебитираше во дресот на Лејкерси!

ВИДЕО: Шоуто започна, Леброн дебитираше во дресот на Лејкерси!

Леброн Џејмс ова лето одлучи како слободен играч да ја промени средината и за негов нов клуб го избра Лос Анџелес Лејкерс, изминатата вечер за прв пат истрча во дресот на својата нова екипа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џејмс дебитираше во припремниот натпревар против Наџентс одигран во Сан Диего и на публиката веднаш и покажа неколку свои познати трикови.

Сепак, Лејкерси беа поразени во овој натпревар бидејќи Денвер запиша победа од 107:124.

Наџентси до првата двоцифрена предност стигнаа на почетокот во втората четвртина и имаа водство во поголемиот дел од натпреварот. Лејкерси само во половината на третата четвртина кратко го превземаа водството, но Наџентси повторно го подигнаа нивото на играта и стигнаа до максимални +23, па беше јасно дека ќе запишат победа.

Леброн во своето деби на паркетот помина 15 минути, запиша девет поени, три скока и исто толку асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…