Дома Останати Кошарка ВИДЕО Хаос во НБА. Тепачка помеѓу играчите на Голден Стејт и Минесота , 3 играчи исклучени

ВИДЕО Хаос во НБА. Тепачка помеѓу играчите на Голден Стејт и Минесота , 3 играчи исклучени

Минесота го совлада Голден Стејт со 104:101 на гостувањето во Сан Франциско во рамките на новиот НБА куп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минесота сега има 2-0 во западната група Ц од новото натпреварување во НБА, додека Вориорс имаат скор 1-1. Тоа беше и втора победа за Минесота над Вориорс за три дена.

На почетокот на натпреварот настана вистински хаос. Клеј Томпсон и Џејден МекДаниелс почнаа да се влечат и туркаат по само две минути игра.

На подот настана хаос. Дрејмонд Грин почна да го гуши Руди Гоберт од Минесота, а неколку дресови беа искинати.

Кога ситуацијата се смири, судиите исклучија двајца од ѕвездите на Вориорс, Томпсон и Грин. Минесота не можеше да смета на исклучениот МекДаниелс до крајот на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…