Дома Фудбал Видео: Роналдо погоди за водство, изедначи Гризман – дербито на Мадрид без победник

Видео: Роналдо погоди за водство, изедначи Гризман – дербито на Мадрид без победник

Во рамките од 31 коло во шпанската Примера денес на програмата беше градското дерби помеѓу Реал и Атлетико.

Избраниците на Зинедин Зидан наметнаа иницијатива од самиот старт и беа подобар противник во првите 45 минути, но сепак не успеаа да ја затресат мрежата на одличниот Јан Облак, кој оваа сезона е голман со најмалку примени голови во Примера (еден помалку Тер Штеген).

„Кралевите“ до предност успеаа да стигнат по осум минути игра во вториот дел. По една одлична акција, Герет Бејл нафрли левата страна, а Кристиано Роналдо ја зафати топката „на прва“ и го совлада Облак.

Атлетико како да чекаше да прими гол па да започне да игра. Само четири минути по голот на Реал, Антоан Гризман кој до тој момент не влезе во ниту една шанса го искористи краткото додавање од Витоло и ја спроведе топката во голот на Навас.

По овој гол „јорганџиите“ создадоа уште неколку сериозни прилики, сепак не успеаа да стигнат до целосен пресврт.

На крајот од дербито на Мадрид најмногу профитираа Барселона која е лидер и Валенсија која е на четвртата позиција и со победа (вечерва против Еспањол) има прилика да стигне до третата на сметка на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…