Дома Фудбал Видео: Резервите на Ливерпул подобри од Евертон

Видео: Резервите на Ливерпул подобри од Евертон

Денес на „Енфилд“ се игра градското дерби на Ливерпул во ФА Купот, а „црвените“ иако со резервен тим не дозволија изненадување.

Јирген Клоп се одлучи да излезе со мешан состав и направи дури девет замени од тимот кој го играше последниот меч во Премиер лигата, но и тоа беше доволно за победа.

Натпреварот почна лошо за „црвените“, првата шанса ја имаше Евертон преку Волкот, а потоа слеуваше повреда на Џејмс Милнер.

Тимот на Анчелоти му пружи голем отпор на домаќинот, па воглавно гледавме израмнет натпревар, кој на крајот го реши блесокот на младиот Џонс.

Во 71-та минута Ориги додаде до Џонс, а овој со феноменален удар го матираше Пикфорд за водство од 1:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанските гиганти играат на сигурно: Каде е шансата за младите тренери?

Европските разочарувања на Јувентус, Милан и Аталанта отворија поширока дебата: дали најго…