Дома Фудбал ВИДЕО: Ракитиќ уште еднаш покажа каков професиналец е, вака не се однесуваат Рамос, Алвес…

ВИДЕО: Ракитиќ уште еднаш покажа каков професиналец е, вака не се однесуваат Рамос, Алвес…

Во дербито на деветото коло од шпанската Ла Лига Барселона пред своите навивачи славеше победа против Севиља со резултат 4:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонскиот клуб после четири натпревари во кој беше без победа во шпанското првенство конечно успеа да слави и тоа против Севиља со 4:2. Сепак, натпреварот на „Камп Ноу“ беше обележан со повредата на Лионел Меси кој мораше да биде заменет во првите 45 минути.

До крајот на натпреварот Севиља имаше поголем посед на топка, но тоа не им беше од преголема корист бидејќи Барса ги освои трите бода. Четвртиот гол за
Каталонците го постигна Хрватот, Иван Ракитиќ кој во Барселона пристигна токму од Севиља.

Ова не е прв пат Ракитиќ да постигнува гол против својот поранешен тим, но повторно покажа дека е оглем професионалец бидејќи не сакаше да го прослави погодокот.

Тоа навивачите на Севиља исклучително го ценат и тој е еден од ретките кој е дочекуван со аплаузи со што не можат да се пофалат: Рамос, Дани Алвес…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради овој потег на Мбапе, англиските медиуми го нарекуваат – „диктатор“

Францускиот капитен Килијан Мбапе повторно го оправда својот прекар Диктатор откако му нар…