Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике не доби топло добредојде на Мастерсот во Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пике вчера присуствуваше на тенискиот натпревар во главниот град на Шпанија помеѓу Давид Ферер и Михаил Кукушкин, но неговото присуство не им се допадна на присутните навивачи, па го пречекаа со свирежи.
Дефанзивецот на Барселона е голем противник на Реал, а во последно време ситуацијата е малку напната поради постојаните расправии околку третманот на двата клуба.
Но, Пике воопшто не беше загрижен поради ситуацијата на трибините и на сето тоа им одговори со насмевка на лицето.
Ферер го победи Кукушкин со резултат 2:6, 7:6 (7-1), 6:4 и го обезбеди натпреварот со Џо Вилфред Цонга во вториот круг.