Утрово во Њу Орлеанс започна Ол-стар викендот, во дуелот на младите ѕвезди, Светот го совлада САД со 150-141.
Најдобар беше резервистот Џамал Мари од Денвер со 36 поени и 11 асистенции за тимот на Светот, а домашниот миленик, Бади Хилд постигна 28 поени. Кај САД предводеше Френк Камински од Шарлот со 33 поени од кои дури девет тројки.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во тимот на светот стартната петорка ја сочинуваа Никола Јокиќ (Њујорк), Дарио Шариќ (Филаделфија), Кристапс Порзингас (Њујорк), Бади Хилд (Њу Орлеанс) и Данте Ексум (Јута), додека за САД први имиња беа Маркис Крис (Феникс), Мајлс Тарнер (Индијана), Карл-Ентони Таунс (Минесота), Девин Букер (Феникс) и Ди Анџело Расел (ЛА Лејкерс).
Олстар-викендот продолжува ноќеска со натпреварите во забивање, во тројки и во вештини, а централната програма е утре, кога ќе се судрат најголемите ѕвезди во кошарката, Исток предводен од Леброн Џејмс, против Запад со Кевин Дурент и Стеф Кари.
Преглед:
Full highlights: