Дома Фудбал Италија Видео: Милан конечно победи со мајсторија на Сусо

Видео: Милан конечно победи со мајсторија на Сусо

Милан конечно ја запиша првата победа под водство на новиот тренер, Сефано Пиоли, откако на свој терен го победи СПАЛ со 1:0.

„Росонерите“ играат многу лошо оваа сезона, па и овој натпревар не го отворија баш најдобро. Пиоли направи неколку промени во тимот, но средниот ред воопшто не функционираше, а нападот беше отцепен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Единствената шанса за гол Милан ја имаше во 13-та минута, кога Кастиљехо имаше неверојатно промашување и од пет метри ја погоди пречката.

Во вториот дел замените донесоа победа. Сусо влезе во игра и само неколку минути подоцна постигна прекрасен гол од слободен удар во 63-та минута.

До крајот на мечот „росонерите“ имаа уште неколку одлични шанси да ја зголемат предноста, но голот на Шпанецот се покажа како пресуден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…