Синоќа се одиграа 7 натпревари во НБА лигата, Кливленд стигна до рутинска победа, додека Бостон лесно се справи со „биковите“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кливленд Кавалирс на домашен терен го совладаа тимот на Детроит Пистонс со резултат 112:90. Леброн Џејмс беше лидер на Кавалирс во победата, забележувајќи бројки од 31 поен, 7 скока и 7 асистенции. Сосем очекувано, Блејк Грифин беше најдобар поединец на Пистонс, со 25 поени и 8 скока.
Екипата на Бостон Селтикс очекувано се радуваше на теренот на Чикаго Булс (89-105) предводен од Џејлен Браун и неговиот учинок од 21 поен.
Останати резултати:
Индијана – Милвоки 92:89
Мајами – Феникс 125:103
Сан Антонио – Мемфис 100:98
Јута Џез – Орландо 94:80
ЛА Лејкерс – Портланд 103:108