Со денешните натпревари беа продолжение проблемите за Нико Ковач во Баерн Минхен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Актуелниот шампион Баерн Минхен испушти победа против Фрајбург. Домаќините со голот на Серж Гнабри стигнаа до водство, резултатот можеше да биде и поубедлив, ако ги искористеа своите прилики.
Левандовски, Робен, Гнабри сите тројца имаа шанси пред голот, па навивачите стравуваа се до крајот на натпреварот.
Казната стигна во 89-тата минута кога Холер постигна гол за 1:1.
Борусија Дортмунд покажа дека и тоа како може да ја загрози доминацијата на Баерн во имзинатите години. „Милионерите“ славеа победа на гостински терен против Волфсбург од 0:1. Единствениот гол на натпреварот го постигна Марко Ројс во 27-тата минута.
Во останатите натпревари Хофенхајм на гости славеше против Леверкузен со 1:4, Шалке со 3:1 го победи Хановер, додека Аугусбург и Нирнмберг одиграа 2:2.