Дома Фудбал Англија Видео: Евро-гол на Јанг за победа на „ѓаволите“, Кејн го спаси Тотенхем

Видео: Евро-гол на Јанг за победа на „ѓаволите“, Кејн го спаси Тотенхем

young

Во рамките од 13 коло во Премиер лигата со почеток во 16:00 часот се одиграа пет натпревари.

Манчестер Јунајтед по поразот од Базел во Лигата на шампионите им се врати на победите, овој пат беше совлада Брајтон, минимално со 1:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо како и што најави, Златан Ибрахимовиќ не беше во почетниот состав. Во првиот дел иако Манчестер Јунајтед беше подобриот противник реализација немаше.

Стартуваше вториот дел, Мурињо Ибра го уфрли во игра во 62 минтуа од средбата. Само четири минути подоцна Ешли Јанг упати фантастичен удар од работ на шеснаесетникот, топката го погоди Данк, доби неправилно движење и заврши во мрежата на гостите.

Овој натпревар се покажа и како одлучувачки, Јунајтед запиша минимална победа од 1:0.

Тотенхем на свој терен не успеа да ја совлада ВБА и одигра само 1:1, стрелци на погодоците беа Рондон во четвртата минута и Кејн на 15 минути пред крајот.

Во останатите два натпревари, Кристал Палас со 2:1 го совлада Стоук, додека Свонси и Бурнемоут одиграа 0:0.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…