Дома Фудбал Видео: Дожд од голови на Апенините, Милан и Аталанта сигурни!

Видео: Дожд од голови на Апенините, Милан и Аталанта сигурни!

Попладневните натпревари од 35-то коло во Серија А донесоа многу возбудувања и „дожд“ од голови.

Милан оствари значајна победа на гостувањето кај Болоња со 2:1. „Росонерите“ победникот го решија во првото полувреме со головите на Чаланоглу и Бонавентура.

Во второто полувреме Сусо и Кутроне промашија големи шанси да стават точка на мечот, па Болоња се врати во игра со голот на Де Мајо, но тоа беше и конечниот резултат.

Аталанта рутински ја победи Џенова со 3:1 и ја продолжи битката за Лига Европа со Милан.

Значајна гостинска победа оствари и СПАЛ со 3:1 на гостувањето кај Верона, додека Беневенто и Удинезе одиграа без победник 3:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…