Дома Фудбал Германија ВИДЕО: Баерн започна да реди победи, дербито за Борусија Дортмунд!

ВИДЕО: Баерн започна да реди победи, дербито за Борусија Дортмунд!

Ефикасно 14-то коло во германската Бундес лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во дербито Борусија Дортмунд славеше во Гелзенкирхен со 2:1.

Уште во седмата минута Томас Дилејни погоди за голема радост на гостинскиот тим кој изгледаше подобро во текот на целиот натпревар. Меѓутоа, Шалке сепак стигна до изедначување кога Калиѓури. Потоа се појави херојот на „милионерите“ Џејдон Санчо кој рутински го матираше Фарман во 74-тата минута и така донесе голема победа на својот тим.

Баерн Минхен на свој терен го совлада Нирмеберг со 3:0. До предност стигна Баерн уште во деветата минута кога Роберт Левандовски погоди со глава. Истиот играч зголеми на 2:0 во 27-тата минута, за конечниот резултат да го постави Франк Рибери во 56-тата минута.

Во останатите натпревари Леверкузен со 1:0 го совлада Аугусбург, Фрајбург со 3:0 славеше над Лајпциг, додека Волфсбург и Хофенхајм ремизираа 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Шок во Сплит: Хајдук го избрка својот капитен од припремите затоа што не сакал да трча!

Подготовките на Хајдук во словенечкиот Блед беа потресени од огромен скандал. Капитенот и …