Дома Македонски спорт Вејн Руни лично го убедувал Барди, но една работа пресудила да го избере Трабзон

Вејн Руни лично го убедувал Барди, но една работа пресудила да го избере Трабзон

Македонскиот репрезентативец Енис Барди вчера го комплетираше трансферот во турски Трабзонспор и поради тоа е посебно интересен за медиумите во оваа земја.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Турција се објавуваат и пикантерии за целиот процес на неговото преминување од Леванте во турскиот шампион. Познато беше дека Барди имаше понуда од САД и тоа од тимот на Вејн Руни.

Сега медиумите објавија дека Руни лично го убедувал македонскиот репрезентативец да се придружи на неговиот тим. Двајцата наводно и оствариле неколку средби, меѓутоа желбата на Барди била да игра во Лигата на шампионите.

Поради слична причина Барди го одбил и Олимпијакос. Во Трабзон желбата да игра во Лигата на шампионите ќе му се оствари ако го елиминираат Копенхаген во плеј-офот кој е на распоред во наредните две недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…