Дома Топ вести Вечера од 300 милиони: Меси на Ибица „го договара“ Верати!

Вечера од 300 милиони: Меси на Ибица „го договара“ Верати!

Познато е дека Меси во Барселона е „повеќе од играч“ и дека често се прашува за мислење околку доведувањето на нови играчи, а често и тој самиот им предлага играчи на раководството.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Синоќа на Ибица, каде што Меси се наоѓа на одмор, беше на вечера со Марко Верати, одличниот 24-годишен плејмејкер на ПСЖ, кој после 5 години во Париз изрази желба да ја промени средината, бидејќи неговата цел е да игра во клуб кој ќе има поголеми шанси за освојување на ЛШ.

Најсилен интерес за Верати покажува токму Барселона, која е спремна да плати дури 100 милиони евра за да го донесе Италијанецот на „Камп Ноу“, бидејќи во него гледа идеална замена за Андрес Иниеста.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Меси синоќа бил на вечера со Верати во Ибица, а Италијанецот му потврдил дека негова желба е да се пресели на „Камп Ноу“.

ПСЖ се противи и не сака да го пушти Верати, но голема е веројатноста овие двајца фудбалери од следната сезона да играат заедно во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…