Дома Фудбал Вернер не жали што го избрал Челзи пред Ливерпул

Вернер не жали што го избрал Челзи пред Ливерпул

Напаѓачот  на Челзи, Тимо Вернер призна дека имал можност да се пресели во Ливерпул, но ја избрал понудата на Челзи

26-годишниот германски напаѓач се пресели на „Стенфорд Бриџ“ од Лајпциг во 2020 година, но имаше проблеми со адаптацијата и не ги оправда во целост очекувањата.

Во моментов не е прв избор кај Тухел, но Германецот тврди дека не жали што потпишал за Челзи бидејќи ја освоил Лигата на шампиони.

„Кога бев во Лајпциг имав можност да дојдам во Премиер лигата. Ливерпул испрати понуда за мене, но на крајот решив да потпишам за Челзи. Минатата година ја освоивме Лигата на шампиони, значи дека сум го направил вистинскиот избор“, изјави Вернер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…