Прв во редовите на „Топџиите“ пристигна Сеад Колшинац, а следно засилување на клубот од Лондон би можел да биде Александар Головин од ЦСКА.
Венгер полека ја приведува кон крај реализацијата на на централниот играч за врска од ЦСКА Москва, барем така пренесуваат руските медиуми.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Во прашање е репрезентативец на Русија, улесник на Европското првенство во Франција. Венгер за услугите на овој фудбалер е спремен да плати 10 милиони евра.
Остана да се договори уште моделот според кој Головин би преминал во Англија, Арсенал го сака веднаш, ЦСКА бара тој да остане на позајмица барем уште една сезона, а како трета опција се наметнува, позајмица во Хал.
Головин во изминатата сезона настапи на 30 натпревари ЦСКА, постигна три погодоци и запиша три асистенции.