Тимот на Сараево славеше победа од 2:0 во натпреварот полуфиналето во Купот на Босна против Игман, а во овој натпревар за тимот кој го води Васоски својот првенец го постигна Даниел Аврамовски.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
По еден слободен удар во 28. минута, Шеќеровиќ ја погоди пречката, а одбиената топкја дојде до Аврамовски кој ја смести во мрежата од половина метар.




Сараево со овој триумф не го обезбеди пласманот во финалето затоа што ги чека реванш на гостински терен наредната недела, но секако дека со оваа предност се и тоа како блиску до посакуваната цел.