Реал Мадрид вчера во натпреварот од Ла Лига против Еспањол на гостински терен стигна до победа од 2:4.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Два од четирите голови на Реал постигна Карим Бензема кој веќе навикна до добива критики од фудбалската јавност поради неговата неефикасност.
Сепак, Васкез после натпреварот покажа голема почит кон својот соиграч и испрати пофалби на негова сметка.
„За мене Бензема е најдобрата „9-ка“ во светот. Тоа што тој го прави не го може никој. Освен што постигнува голови, ни помага на сите во тимот – разигрува и учествува во акциите“, изјави Васкез после натпреварот.
https://www.youtube.com/watch?v=DOz63pWjZgU