Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар пушти дополнителни билети за мечот со Веспрем!

Вардар пушти дополнителни билети за мечот со Веспрем!

Поради големиот интерес Вардар пушти дополнителни билети за мечот со Веспрем од Лигата на шамиони.

Интересот за мечот меѓу Вардар и Веспрем е огромен, билетите се продадоа уште пред неколку дена па клубот реши да пушти дополнителни влезници за стоење.

Цената на билетите за стоење ќе биде 150 денари, па нема сомнеж дека и тие ќе се продадат со оглед на големиот интерес.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за в недела, 1 декември во 17 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Кифисија не остави простор за пресврт: европски крај за одбојкарките на Работнички

Македонскиот женски одбојкарски првак загуби со 0:3 и во Скопје, завршувајќи го настапот в…