Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар не ги крие амбициите: Повторно одиме на трофејот во ЛШ!

Вардар не ги крие амбициите: Повторно одиме на трофејот во ЛШ!

Извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски вели дека и покрај промените во играчкиот кадар црвено-црните и следната сезона ќе атакуваат на европскиот трон.

Вардар денес ги доби противниците во Лигата на шампиони, а Стојаноски најави дека наскоро ќе биде комплетиран тимот и амбицијата е одбрана на трофејот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова е многу добра група. Не ги потценуваме противниците, сигурно дека ќе имаме тешки натпревари. Се надевам дека ќе завршиме на првото место. Верувам во нашиот тим, знам дека ќе се бориме на секој меч за секој бод. Си заминаа неколку играчи но тоа е нормално, така беше и минатата година. Мислам дека за две недели ќе го комплетираме нашиот тим и амбивиите се повторно да го кренеме трофејот во Лигата на шампиони“, изјави Давор Стојаноски.

„Црвено-црните“ добија слична група како минатата година и за противници ќе ги има Веспрем, со кој се соочи во финалето, потоа Кјелце, Мешков Брест, Мотор Запорожје, Монпелје, Порто и Кил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …