Актуелниот македонски шампион и освојувач на македонскиот Суперкуп, РК Вардар, со победа од 33-24 против ривалот Металург, го одбрани трофејот во Суперкупот на Македонија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На натпреварот што се одигра пред полните трибини на Отвореното ракометно игралиште во Струга, Вардар водеше во текот на сите 60 минути и славеше заслужена победа. Металург единствено успеа да изедначи во 12-та минута (4-4), но потоа Вардар најпрво се одлепи на 10-6, за на полувреме да замине со водство од 16-10. Во ист стил се играше и второто полувреме, разликата постојано се движеше од 6 до 9 голови, за во рутинската завршница, тимот на Роберто Парондо да прослави конечен триумф од 33-24.
Со исклучок на двајцата голмани, сите останати ракометари на Вардар се запишаа во листата на стрелци, меѓу кои најпрецизен беше Тимур Дибиров со 8 погодоци. Кај Металург, четворица ракометари постигнаа по 4 голови – Јагањац, Димитриоски, Танкоски и Кузмановски.