Дома Фудбал Лига на шампиони Ван Гал: Ако Ајакс дојде до финалето, подобро да игра против Барса отколку против Ливерпул

Ван Гал: Ако Ајакс дојде до финалето, подобро да игра против Барса отколку против Ливерпул

van gal

Поранешниот тренер на Ајакс и Барселона, Луис Ван Гал, изјави дека уживаа оваа сезона во ЛШ, а посебно во резултатите на својот поранешен клуб.

Ван Гал токму во Ајакс ја започна својата тренерска кариера, а после тоа замина во Барселона. Холандскиот стручњак призна дека е изненаден од резултатите на Ајакс оваа сезона и порача дека верува дека можат да играат финале.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ајакс синоќа во првиот натпревар како гостин го победи Тотенхем со 1:0, додека неговиот втор поранешен клуб вечерва пред своите навивачи игра против Ливерпул.

Ван Гал е сигурен дека Ајакс ќе успее да дојде до финалето и призна дека за овој клуб ќе биде подобро во финалето да игра против Барселона отколку против Ливерпул.

„Ништо не е готово, но се надевам дека Ајакс ќе дојде до финалето. Играат одличен фудбал и се еден од клубовите со кои уживате да ги гледате оваа сезона. Во финалето за нив ќе биде подобро да играат против Барслона отколку против Ливерпул. Тоа се исти филозофии и се ќе биде отворено, додека Ливерпул малку повеќе обрнува внимание на дефанзивната игра.“ – изјави Ван Гал.

Овој 67. годишен стручњак веќе три години е без работа откако во летото 2016. година доби отказ на клупата на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…