Фудбалерите на Барселона, како и останатите клубови учесници во групната фаза од Лигата на шампионите ги добија своите противници за новата сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барселона во групната фаза од најелитното европско натпреварување ќе се сретне со Тотенхем, ПСВ и Интер.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде смета дека неговиот тим ја добил најтешката група.
„Тешка е нашата група, можеби и најтешка. Нема да ни биде лесно, клубовите се навистина атрактивни“.
„Тотенхем игра на високо ниво во последните години, имаат одличен спој на физички и технички квалитет и тие се еден од најтешките противници кој можевме да ги добиеме од вториот шешир“, изјави Валверде кој потоа истакна добра страна ждребот.
„Стартуваме и завршуваме на домашен терен и тоа многу ќе ни помогне, ќе видиме како ќе биде во новите термини“, смета стратегот на шпанскиот гигант.
Првиот натпревар во Лигата на шампионите Барселона го игра против ПСВ на домашен терен.