Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не ја пропушти можноста да го искаже своето воодушевување од Лионел Меси.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако лекарите го советуваа да не игра на мечот против Севиља, Меси влезе во игра и го постигна израмнувачкиот гол за 2:2.
„Меси е уникатен во светот, уникатен во историјата на фудбалот“, изјави Валверде, а потоа зборуваше за утрешниот меч против Рома.
„Ако следевте како игра Рома во групната фаза, ќе видите дека не е изненадување што се пласираа во оваа фаза. Рома е солиден противник со добар напад и солидна одбрана. Тоа што сме фаворите не значи ништо. Не мислам дека се ќе биде решено уште во првиот меч. Се надевам дека фановите ќе ни дадат поддршка како против Челзи“, истакна Валверде.