Откако ја запиша најголемата победа во 2018 година против Кеи Нишикори во првото коло во Мадрид, Новак Ѓоковиќ доживеа нов пораз, трет во последните четири натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот светски број 1 во Мадрид беше елиминиран од 22 тенисер во светот, Кајл Едмунд. Британецот така само ја продлабочи кризата во која се наоѓа Србинот кој оваа сезона се уште не одиграл ниту едно ¼ финале.
Повредата на лактот го оддалечи од светскиот врв, а враќањето оди потешко од очекуваното. Од понеделник Ѓоковиќ кој во последната година промени неколку тренери ќе биде 18-ти тенисер во светот и тоа во најдобар случај.
Толку ниско на АТП табелата Новак не бил уште од 2006 година