Дома Фудбал Важен потпис во Реал, Карвахал останува до 2025 година

Важен потпис во Реал, Карвахал останува до 2025 година

Еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид, Дани Карвахал денес стави потпис на нов договор.

Карвахал се обврза на верност со „кралскиот“ клуб до 2025 година.

Инаку Карвахал е дете на Реал Мадрид и до истекот на новиот договор тој ќе помине цели 23 години во „кралскиот“ клуб.

Карвахал минатата сезона пропушти голем број на натпревари поради повреди, но оваа сезона сигурно ќе игра важна улога во тимот на Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета: Не ме интересира кој е фаворит, важно е да победиме утре

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не сака да се занимава со улогата на фаворит во трката…