Нејмар деновиве се најде во фокусот на француските медиуми поради неговото лошо однесување надвор од фудбалскиот терен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Она што најмногу ги налути парижаните е неговото арогантно однесување кое трае подолго време. Тој живее во областа Бугивал во Париз, а соседите се жалаат на неговите бучни забави.
Последната забава била роденденска и започнала во три попладне, а завршила после полноќ, пишува „Паризиен“ кој ги пренесува впечатоците на бесните соседи.
„Откако сум тука имаше 4-5 забави. И секогаш биле до шест наутро. Последен пат забава имаше по мечот Бразил – Тунис во Париз кога во 23 часот целиот бразилски тим пристигна во куќата на Нејмар. И тогаш видов луѓе како се движат во 6 наутро“, откри еден од соседите.