Дома Фудбал Останато Буфон можел да заврши и во Манчестер Сити и во Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Буфон можел да заврши и во Манчестер Сити и во Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Италијанецот зборуваше како во разни фази од кариерата можел да заврши во Англија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Голманот на Пари Сен Жермен откри дека во различни моменти од својата кариера можел да заврши на двете страни во Манчестер – на црвената и сината. Интерес покажувале и Јунајтед и Сити, откри Италијанецот во разговорот со Рио Фердинанд за „БТ Спорт“.

„Кога бев дете и играв за Парма, Фергусон внимателно ме следеше две или три години и секогаш испраќаше скаути да ме гледаат, но во тој момент Парма беше мојот свет и не ми се заминуваше“,зборуваше Буфон.

Понудата од Манчестер Сити имал кога овој клуб започнувал да се изградува во тоа што е денес.

„Подоцна имав голема понуда од Манчестер Сити кога започнаа да го градат тимот и да станат еден од најголемите во Европа. Сакаа мојот потпис да биде прв. Но јас избрав да останам во Јувентус“, објасни легендарниот голман.

Како што е добро познато Буфон цели 17 години го бранеше голот на Јувентус и не замина дури и кога овој клуб беше исфрлен во Серија Б после аферата со наместени натпревари (Калчополи). Во редовите на Пари Сен Жермен се одлучи да премине изминатото лето и ова е негов трет клуб во кариерата после Парма и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден од најдобрите во светот нема да игра на вториот натпревар Баерн – ПСЖ?!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ПСЖ и Баерн им понудија …