Дома Фудбал Буфон: Можам да бранам уште четири-пет години

Буфон: Можам да бранам уште четири-пет години

Легендарниот Џанлуиџи Буфон (43) нема намера да ја заврши професионалната кариера.

Иако има 43 години Џиџи и наредната сезона ќе брани, ќе го чува голот на Парма каде и што ја почнуваше својата голема кариера. Буфон тврди дека може да брани уште четири-пет години.

„Убеден сум дека можам да бранам во наредните четири-пет години“, изјави Буфон за „Скај Спорт“.

Кариерата Буфон ја започна во 1995 година во дресот на Парма од 2001 до 2018 година беше во Јувентус, една сезона помина во ПСЖ, па се врати во Торино. По крајот на минатата сезона се пресели во Парма со која ќе игра втората италијанска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куп-сензација: Флитвуд го исфрли Арсенал на пенали!

Четвртолигашот му приреди горчлива вечер на Арсенал: ниту голот на Ѓокереш не беше доволен…