Дома Фудбал Буфон за проблемите на Јувентус: Не би сакал да кажам нешто глупаво

Буфон за проблемите на Јувентус: Не би сакал да кажам нешто глупаво

Легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон кој се уште активно брани на голот на Парма ја коментираше ситуацијата со неговиот поранешен клуб.

Сезонава на Јувентус му беа одземени 15 бодови поради нерегуларности во финаниското работење, а потоа бодовите се вратија на „старата дама“ за сега да има најави за нова помала казна.

Јувентус е обвинет за „пумпање“ на договорените оштети со другите клубови, односно продажба на играчи по нереално високи цени. Наводно, Јувентус тоа го правел за да ги избалансира клупските финансии.

Буфон е изненаден од таа ситуација.

„Искрено, мене тоа ме изненадува. Само нешто површно сфаќам што се случувало, не би навлегувал подлабоко, не сакам да ризикувам да кажам нешто глупаво. Сето тоа мене ми изгледа нормално, како и да е, не е мое да судам“, изјави Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бредфорд се потсети на 2013: Со 2-0 до четвртфиналето во Лига купот!

Гилеспи и Филипс го решија Питерборо, а Бредфорд првпат по походот до „Вембли“ во 2013 год…