Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти Јувентус, иако има 43 години италијанската легенда нема намера да се пензионира.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Буфон порача дека сака да брани најмалку уште една сезона, а потврди и дека има повеќе понуди. Како најсериозни кандидати кои би можеле да го доведат се споменува Монца и Парма која испадна во Серија Б.
Денес се појави информација дека Буфон добил понуда и од Грција и тоа од Олимпијакос.
Во досегашната кариера Буфон на голот на Јувентус беше на 683 натпревари, за Парма бранеше на 220, а за ПСЖ каде што помина една сезона собра 25 настапи.