Дома Фудбал Останато Буфон во свој стил: ДОСТА ми е веќе од Шпанци!

Буфон во свој стил: ДОСТА ми е веќе од Шпанци!

buffon

Аргентинецот, Лионел Меси, конечно успеа да го совлада Буфон, но италијанската легенда на тоа не му дава големо значење.

„Мислам дека е чудно што во четири натпревари не успеа да ја погоди мојата мрежа, со оглед на тоа колку голови постигнува. Ние забораваме дека се работи за посебен играч и не зависи многу од мене“, изјави Џиџи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потоа Буфон на интересен начин опиша што му се случува во последните неколку месеци.

„Не можам веќе, секогаш истите лица, на крајот секогаш мораш да им честиташ, доста и е веќе од Шпанци. Секогач, Иско, Пике, Рамос...“, во свој стил изјави Буфон.

Кога ќе погледнеме неколку месеци наназад, Буфон навистина имаше проблеми со Шпанците.

Во Кардиф прими четири погодоци од Реал, потоа со Италија три од Шпанија во квалификациит и сега од Барселона повторно три. Значи, три натпревари, 10 погодоци во неговата мрежа и тоа во веројатно последната сезона на еден од најголемите голмани во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…