Дома Топ вести Бускетс е нов рекордер во „Ел Класико“!

Бускетс е нов рекордер во „Ел Класико“!

Фудбалерот на Барселона, Серхио Бускетс во вчерашното „Ел Класико“ го сруши рекордот по бројот на учество во натпреварите помеѓу Реал и Барселона. Бускетс вчера го одигра 46-тиот натпревар во натпреварите на овие два ривали.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот Шпанец беше на теренот од стартот на натпреварот и го сруши рекордот кој го држеа Меси и Серхио Рамос со по 45 настапи во „Ел Класико“.

Избраниците на Чави славеа против Реал со автоголот на Едер Милитао и сега со еден гол предност ќе ги пречекаат „кралевите“ на „Камп Ноу“.

Договорот на Бускетс со Барселона истекува наредното лето. Доколку не дојде до продолжување на соработката 34-годишниот играч за врска ќе има прилика да настапи уште во два натпревари против Реал, реваншот во Копа Дел Реј и лигашкиот натпревар на 19-ти март исто така во Барселона.

Реваншот во шпанскиот куп е закажан за на 5-ти април од 22:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Французите тврдат дека Јамал играл со рака пред пеналот. Погледнете ја ситуацијата

Шпанија ја совлада Франција со резултат од 2:0 во полуфиналето на Светското првенство. Гол…