Дома Фудбал Бускетс воодушевен од Обамејанг: Добивме луксуз без да платиме ниту едно евро

Бускетс воодушевен од Обамејанг: Добивме луксуз без да платиме ниту едно евро

Барселона вчера ја победи Валенсија со 1:4 во шпанската Ла Лига.

За играч на натпреварот на оваа средба беше прогласен Пјер-Емерик Обамејанг кој постигна хет-трик. Обамејанг беше стрелец на два гола во првото полувреме, а после натпреварот судиите му го препишаа и голот кој претходно беше запишан на Педри. Пред да заврши во мрежата по ударот на Педри топката минимално го допре Габонецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Бускетс Барселона со Обамејанг добила одлично засилување.

„Од кога е тука Обамејанг работи напорно и сака да помогне на тимот. Во првите денови кога пристигна имаше недостиг на минути со оглед на ситуацијата во Арселона. Сепак, сега докажа дека може да прави разлика како стартер. Со него добивме вистински луксуз и тоа без да плати ниту едно евро“, изјави Бускетс.

Обамејанг во Барселона дојде како слободен агент откако го раскина договорот со Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…