Дома Фудбал Бурно во хрватската соблекувална: Далиќ го избркал дома еден од најважните играчи

Бурно во хрватската соблекувална: Далиќ го избркал дома еден од најважните играчи

Иако пред два дена ја победија Нигерија, во хрватската фудбалска репрезентација не е идеално.

Никола Калиниќ, напаѓачот на Милан, одбил да влезе во игра против Нигерија и наводно селекторот Златко Далиќ веднаш го испратил дома, а тоа би можело да го соопшти денеска во 16:15 на пресконференцијата.

Далиќ сметал на Калиниќ за последните пет минути од дуелот со Нигерија (2:0), но напаѓачот на Росонерите одбил да влезе и затоа очигледно е отпишан за остатокот од турнирот.

Калиниќ имаше лоша сезона во Милан иако таму пристигна како големо засилување, а претходно беше суспендиран од тимот поради одлуката на Гатузо, бидејќи не доаѓал на тренинзи.

„Екипата ја прават 23 играчи и секој за нив мора да живее. Во спротивно нема атмосфера. Чорлиука е важен за нас, а тој без противење прифати да биде резерва“, изјави Далиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…