Дома Фудбал Италија Бурно било во соблекувалната на Јувентус на полувремето против Емполи!?

Бурно било во соблекувалната на Јувентус на полувремето против Емполи!?

Јувентус во Тоскана ја продолжи победничката низа на гостинските натпревари оваа сезона. Емполи го совлада со 1:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изнанадувачки Емполи во овој натпревар на полувремето имаше предност од 1:0 до која стигна со голот на Капуто.

Токму тоа водство наводно било причина за немир во соблекувалната на италијанскиот шампион на полувремето, пренесува „Газета дело Спорт“. Реномираниот медиум пишува дека Алегри бил исклучително лут поради пристапот на неговите фудбалери.

Покрај тоа се пишува дека во ходникот можел да се слушне и гласот на Леонардо Бонучи. Таквите случувања очигледно вродиле со плод бидејќи Јувентус во продолжение од натпреварот со головите на Роналдо стигна до целосен пресврт и победа од 1:2.

Ќе потсетиме после 10-тото коло во италијанската Серија А „старата дама“ има предност од шест бода во однос на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …