Златан Ибрахимовиќ одлучил да се вмеша во работата на раководството на Милан.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што пишуваат италијанските медиуми Ибрахимовиќ го „нападнал“ извршниот директор Иван Газидис кој се појавил вчера во клубот после долго време и веднаш најавил намалување на платите.
На Ибрахимовиќ не му се допаднало она што го прави Газидис и одлучил да не молчи.
„Зошто толку долго време беше надвор од клубот и сега се појавуваш на 48 часа пред полуфиналето?“, прашал Златан и додал:
„Ова не е мојот Милан, не е клубот кој беше претходно, има многу нелогичности“, порача Швеѓанецот.
После се Газидис одговорил:
„Да, вистина е. Милан не е клубот кој беше претходно, ниту по успехот, ниту по финансиите“.
Газидис набрзо ќе го претстави планот за намалување на платите кои веќе од април се намалени за 50%.